Земјите ќе се оценуваат поединечно за влез во НАТО - реформите мора да продолжат
29 јуни 2007Работниот дел на самитот започна со пленарна седница на која зборуваа Генерланиот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер, македонскиот премиер Никола Груевски како и потпретседателот на владата Имер Алију.
Ако земјите ги исполнат обврските и НАТО ќе ги исполни своите
Јап де Хоп Шефер се задржа на пристапувањето на земјите од така наречената Јадранска група ( Македонија, Албанја и Хрватска ) кон НАТО. И притоа рече дека пристапот зависи од нив самите. Ако тие ги исполнат обврските и НАТО ќе ги исполни своите. Подоцна на прашање на еден од учесниците на Безбедносниот форум Јап де Хоп Шефер нагласи дека трите земји се подговтуваат во група но ќе бидат оценувани поединечно и од тоа ќе зависи која од нив ќе добие покана за членство во НАТО на наредниот самит 2008 во Букурешт.
Јап де Хоп Шефер го поздрави и приклучувањето на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кон програмата Партнерство за мир. Ги повика да ги искористат сите можности што им се отвораат и да појдат на патот од земјите на Јадранската група.
Во однос на Косово генералниот секретар на Алијансата констартира дека се создадени услови за решение и притоа основа е планот на Ахтисари. НАТО ќе гарантира мир и безебдност во време на донесувањето на решението.
Какво влијание има тоа што Макеоднија е домаќин на овој собир?
Во Македонија сите се надеваат дека во април наредната година во Букурешт ќе биде упатена покана за членство иако се свесни дека сепак треба да се изоди уште еден немалку тежок и значаен пат до членството. Јасно е и дека мора да се продолжи со реформите. Реформите се процес кој нема да заврши со евентуалната покана за членство туку мора да продолжи и понатаму.
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска при обаќањето на пленарната седница исто така искажа уверување дека на Самитот во Букурешт Македонија ќе добие покана за членство. Рече дека според анкетите тоа е желба на 92 проценти од граѓаните што е исто така силен аргумент. И на крајот на краиштата досега успешниот тек и на овој Безбедносен самит може да биде еден ако не голем, во секој случај еден мал плус за македонската кандидатура.
Имер Алију потпретседателот на владата ја претстави сликата на успешното функциониерње на мултиетничкиот концепт на Македонија по Охридскиот договор и тоа го илустрирра со сите бројки за промените на структурата, националнта структура на службениците во државната управа и јавниот сектор.