1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјите членки на СТО, постигнаа историски договор

1 август 2004

Земјите членки на СТО по петдневни разговори во Женева, постигнаа историски договор. Сиромашните и богатите, конечно успеаа да договорат модел кој во иднина треба широко да ги отвори вратите на пазарите низ светот, пред се за сиромашните и земјите во развој од таканаречениот трет свет.

https://p.dw.com/p/AeQb
Седиштето на СТО во Женева
Седиштето на СТО во ЖеневаФотографија: AP

По минатогодишниот неуспех во мексикансиот град Канкун 147 земји членки на СТО официјално постигнаа договор за усвојување на рамка за обнова на преговорите за либерализција на светската трговија во рамките на договорот од Доха.

Синоќа во Женева, земјите договорија да укинат повеќе милијарди долари земјделски субвенции, да се отворат пазарите за земјоделските производи и да продолжат разговорите за либерализација на светската трговија.

Со усвоениот договор за прв пат е фиксиран рок за укинување на субвенциите за извоз на земјоделските производи, од кои досега најмногу беа погодени и онака сиромашните земји од таканаречениот трет свет.

Богатите држави го поздравија договорт со кој тие се обврзаа да ги намалат огромните субвенции за земјоделците. Клучните земји членки на СТО, САД, ЕУ, Бразил и Јапонија се договорија да ги укинат извозните субвенции и да се намали бројот на производи чиј извоз досега се штитеше со големи бариери, прашања за кои одамна бараа решение земјите во развој.

За претседателот на Светската трговска организација, Супачај Паничпакди, овој момент е историски:

“ Ова е навистина историски момент за оваа организација, за она што докажавме дека нашите членки кога ќе ги употребат заеднички своите глави и умови, дека можеме да надминеме секакви потешкотии и препреки. Сега го постигнавме она што не ни успеа во Канкун“

Германскиот министер за економија Волфганг Клемент го поздрави договорот, кој според него ќе донесе бенииции врз Германија и нејзината економија.

Во индустрискиот дел земјите се договорија да се изнајде начин за намалување на извозните бариери за стоките, како што се цемент, хемикалии. Договорено е да се обебзедат соодветни приоритети за производите од памук од западните африкански држави кои го отфрлија барањето тоа да се решава како одвоено прашање.

Текстот на договорот содржи параграф, кој им дава гаранции на сиромашните држави дека многу наскоро ќе може да бидат намалени тарифите.

Генерално земено, високо развиените држави во иднина нема да мораат да ги укинат индустрисските тарифи, но ќе мора да ги направат потранспарентни.