Зелено светло за данокот на финансиски трансакции
22 јануари 2013Единаесет земји од еврозоната денеска од остантите европски партнери добија зелено светло за воведување на контроверзниот данок на финансиски трансакции.
Данокот на брезите ќе го воведат меѓу другите Германија и Франција.
Велика Британија остро се спротивстави на усвојувањето на ваквата иницијатива, но не застана на патот на воведувањето на ДФТ, што првично го предложија Франција и Германија, на кој потоа им се приклучија и Австрија, Белгија, Грција, Португалија и Словенија, а по нив и Италија, Шпанија, Словачка и Естонија.
Европската комисија предложи да се воведе данок од 0,1 отсто на трговијата со акции, а трговијата со финансиските деривати да се оданочува со 0,01 отсто.
Европската комисија проценува дека данокот на финансиски трансакции во ЕУ годишно би донесол околу 57 милијарди евра.