Зелено светло за буџетот за 2008 во Германија
16 ноември 2007Реклама
Одборот за буџет во Германскиот парламент денеска го усвои буџетот за 2008 година. Тој предвидува ново задолжување за околу 12 милијарди евра, или една милијарда помалку од планот на сојузниот министер за финансии Пер Штајнбрик. Во наредната година се планирани инвестиции во вредност од 25 милијарди, односно 362 милиони повеќе од планот на владата. Овие дополнителни средства ќе се искористат пред се за изградба на патишта и железнички пруги.