1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зголемен бројот на безбедносниот персонал пред Олимпијадата

Александар Методијев/афп/миа24 јули 2012

Велика Британија ќе испорача дополнителни 1.200 трупи за Олимписките игри, информираше министерот за Олимпијадата Џереми Хант. Со тоа бројот на лица задолжени за безбедноста се искачи на 18.200.

https://p.dw.com/p/15dwc
Фотографија: Reuters

Одлуката е донесена на седница на владиниот кабинет на Дејвид Камерон само три дена пред официјалниот почеток на Олимписките игри. Хант рече дека министрите не сакале „ништо да остават на случајноста“. „Нивото на персонал задолжен за безбедноста на терените е под постојано преиспитување“, додаде тој. Хант рече дека британската влада сака да „спроведе безбедни и сигурни игри“.

Во безбедноста на Олимпијадата се вклучени и лица кои годинава се вратиле од Авганистан. Дирекно во спортските објекти во Лондон и околината ќе биде вклучен персонал од 11.000 лица кои ќе се грижат за безбедноста. На Олимписките игри ќе учествуваат 10.500 спортисти.

06.2012 DW Olympiade London Videopodcasting

Први игри по Москва во рамазански пости

Олимписките игри во Лондон почнуваат в петок и ќе бидат први кои се одржуваат во текот на Рамазан уште од Москва 1980 година. За време на рамазанските пости, кои почнаа минатиот викенд, муслиманите треба да се воздржат од храна, пијалок и секс од утро до мрак, кога својот пост го прекинуваат со јадење - ифтар.

Сепак, малезиски натпреварувачи ќе можат да го прекршат рамазанскиот пост додека се натпреваруваат на Олимписките игри во Лондон, порачаа денеска официјалните лица на оваа муслиманска земја. Официјалните лица на Националниот совет фатвa, најголема верска инстанца во Mалезија, соопштија дека спортистите можат да го одложат својот пост до по игрите, бидејќи натпреварот на меѓународно случување е во чест на својата земја.

„Тие одат на Олимписките игри за да донесат слава на својата земја. Можат да постат кога ќе се вратат во Малезија“, рече претставник на малезиската држава, кој додаде оти „куранот кажува ако се натпреваруваш, можеш да го одложиш постот“, но дека потоа мора да се надомести. Интересно е дека меѓу членовите на овој тим е и Нур Сурјани Мохамед Таиби, која се натпреварува во стрелање и ќе учествува на Олимпијадата и покрај тоа што е во осмиот месец од бременоста.