1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зборот санкции исфрлен од предлог-резолуцијата за Судан

30 јули 2004

САД за денеска закажааа гласање во Советот за безбедност на ОН околу нивната предлог – резолуција за Судан, односно злосторствата во регионот Дарфур. По спротивставувањето на 15 земји членки на Советот за безбедност, од текстот на резолуцијата е исфрлен зборот ”санкции”.

https://p.dw.com/p/AcM7
Хајдемари Вичорек Цојл
Хајдемари Вичорек ЦојлФотографија: AP

Сега во текстот на резолуцијата поднесена од страна на САД постои закана со економски мерки, доколку владата на Судан не преземе мерки против масовните убиства и протерувањата што се случуваат во Дарфур. Многу земји членки на Советот за безбедност тврдат дека на Судан му е потребно извесно време за да ги совлада арапските бунтовници, обвинети за убиство на илјадници Црнци, силување жени и претворање на селата во кампови. Во Дарфур се убиени најмалку 30 илјади цивили, а милион се протерани од нивните домови.

Американската резолуција содржи одредба дека по 30 дена ќе бидат разгледани натамошните акции против Судан, доколку Картум не ги разоружа арапските милиции и не почне со судско гонење на нивните лидери.

Германскиот министер за развојна помош, Хајдемари Вичорек Цојл, за втората германска телевизија вчеравечер изјави дека Советот за безбедност треба да донесе решение за санкции:

”Постојано барам Советот за безбедност конечно да донесе решение за санкции, за да не умираат уште повеќе луѓе. независно од аргументите што некои влади ги презентираат јавно, имам впечаток дека дел од владите, на пример Русија, се заинетресирани за испорака на оружје, некои имаат нафтени интереси во региноот. Нанадвор се даваат определени аргументи, но во суштина се работи за економски интереси. ”

По изменетиот текст на предлог резолуцијата, членовите на Советот за безбедност велат дека очекуваат позитивен исход од гласањето на сите членки, освен Кина и Пакистан, кои се очекува да бидат воздржани.