Збогување со Јован Павле Втори
3 април 2005Поглаварот на Римокатоличката црква почина во саботата вечерта на возраст од 84 години. Ватикан, согласно на ритуалите на црквата официјално ја утврди смртта на Папата. Здравствената состојба на Пољакот Карол Војтила драматично се влоши во четвртокот изминатат недела. Секретарот на Ватикан, Анџело Содано ја говореше смрттната молитва на плоштадот Свети Паетар во Рим пред десетици илјади верници. Во целиот Рим одѕвонуваа црквените ѕвона. И во текот на ноќта многу верници се молеа во спомен на Папата на плоштадот Свети Петар. Понтификатот на Папта кој траеше речиси 27 години се одликува преку неговите политички изјаснувања против војната, насилството и потиснувањето, како и вложување напори да се воспостави контакт со сите Христијани во светот. Внатре црквено не беа оспорувани неговиот одбивачки став за попречување на зачнувањето, абортус и хомосексуалноста, како и придржувањето кон целибатот за свештените лица. Телото на Папата најрано во понеделник ќе биде положено на одарот. Раководството со католичката црква комесарски го презема кардиналскиот колегиум.