За шолја кафе - цела када вода
17 октомври 2013Кој не сака шолја кафе наутро? Неколку голтки, повеќе не собира во малата чашка. Но, патот од грмушката кафе до капучиното дома е долг. И тој чини пред се‘ многу вода. Според пресметките на заштитниците на живтната средина, за да се добие шолја кафе се трошат во просек 150 литри вода. Тоа е колку една полна када.
Филип Вагниц, експерт на ВВФ за вода вели:
„Може да бидат и повеќе. Се‘ зависи од каде доаѓа кафето. Ако таму паѓа многу дожд, тогаш не е проблем. Важно е да се внимава дали грмушките биле наводнувани или растеле во суви региони, тогаш би било проблем.“
Но, сеедно каде се’ расте кафето, сметките на земјите каде што се одгледува кафе остануваат отворени. Од кафето заработуваат пред се‘ државите кои го купуваат.
При просечна цена од 5,50 евра за една фунта кафе, односно околу 450 грама кафе, само 28 центи добиваат собирачите на кафе, додека 77 центи земаат сопствениците на плантажите. Земјите потрошувачи го добиваат најголемиот дел - 4,40 евра за печење, транспорт, тргување и продажба.
Малите црни зрна имаат нешто особено - конечно со секоја шолја, барем виртуелно, се испива една цела када вода.