1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За рекордно време до ИСС

ЕМФ/ард29 март 2013

Наместо цели два дена, само шест часа - времето на патување до меѓународната вселенска станица ИСС е енормно скратено благодарение на променетиот маршрутен компјутер на една руска Сојуз-капсула.

https://p.dw.com/p/186k7
Фотографија: picture alliance/AP Photo

За рекордно време од само шест часа тројца космонаути успеаја да стигнат на меѓународната вселенска станица ИСС. Сојуз-капсулата со руските космонаути Павел Виноградов и Александер Мисуркин, како и американскиот астронаут Крис Кесиди се спушти на ИСС ноќеска (29.03). Патувањето траеше пет часа и 46 минути, односно две минути пократко од планираното. Досега за ваквите патувања беа потребни два дена. На патот кон ИСС, Сојуз ТМА-08М четири пати ја обиколи Земјата.

Flug zur Internationalen Raumstation ISS
Сојуз стартуваше од Бајконур, КазахстанФотографија: picture alliance/AP Photo

Русија по прекинувањето на американската спејс шатл програма е единствена земја која испраќа луѓе во вселената. Новото скратено патување е можно поради тоа што новиот дигитален маршрутен компјутер во капсулата работи независно од центарот за контрола на летот во Корољов, кај Москва. Со тоа веќе не е потребен постојан контакт со станицата на Земјата.

Шефот на руската вселенска програма Роскомсос, Владимир Поповкин, за агенцијата Итар Тас изјави дека сигурно ќе биде изведен уште еден ваков лет. „Потоа ќе ги тестираме сите биолошки фактори на екипажот и ќе одлучиме дали брзите летови ќе станат стандард“, нагласи тој.