За одбивање воена служба во Ирак 7 години затвор?
18 август 2006Ирен Ветада одби воена служба во Ирак под образложение дека американскиот воен ангажман во таа земја претставува кршење на меѓународното право. Нему му се заканува казна од 7 години затвор. 28-годишниот Ветада бил сметан за примерен војник. По службата во Кореја, од претпоставените добил оцени за екстремно професионален однос и оти има “неограничен раководечки потенцијал“.
Но, лани летото младиот офицер започнал да чита книги кои критички ја советлуваат војната во Ирак. Од војници што се вратиле бил информиран и за воени злосторства. На крајот на јануари годинава ги известил претпоставените дека „од најдлабоко убедување е против војната во Ирак, оти таа почива врз измама на политичарите, кои се однесувале незаконски. Во изјава објавена во интернет тој вели: „Иако од протест замолив да бидам отпуштен од армијата, сакаат да ме принудат да служам во една јасно илегална војна“.
На 22-ри јуни Ветада со својата бригада требало да биде префрлен во Багдад. Но, тој ја одбил наредбата: „Војната во Ирак го крши принципот на демократски контроли, утврден во нашиот устав. Таа го узурпира меѓународното право и договорите, кои според нашиот устав се и американско право и закон“.
Неговите службени претпоставени, разбирливо, поинаку гледаат на работите: војниците не можат да ги избираат воените ангажмани. Ирен Ветада е обвинет е поради одбивање на наредба, непочитување на претпоставените и невојничко однесување. Ветада има подрршка од истакнати адвокати, меѓу нив и Денис Халидеј, поранешен заменик генерален секретар на ОН, како и од американското мировно движење, многу влијателни на западниот брег во регионот на Сиетл.