1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ планира тужба против Германија?

29 декември 2011

Во спорот околу чувањето податоци од телефонските комуникаци, имејл и интернет врски, Европската комисија размислува за тужба против Германија, пишува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

https://p.dw.com/p/13bJH
Фотографија: dapd

Европската Комисијата не е подготвена на Германија да и‘ дава уште време за спроведување на насоките на ЕУ, се вели во денешниот (29.12.2011) извештај на германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“. Досега насоките на ЕУ не се спроведени поради судир во коалицијата во Берлин. Либералите одбиваат чување податоци без повод, како што бараат партиите на Унијата, ЦДУ и ЦСУ, и ЕУ. Канцеларката Ангела Меркел изјави дека ќе се работи на решение на проблемот.

Автор:ЕМФ/ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски