1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затворена слободна зона во Фени

Горан Петрески9 август 2007

Македонија остана без слободна економска зона. Единствената што функционираше е затворена.

https://p.dw.com/p/BSRr
Ивица Боцевски вели дека затворање на зоната нема врска со препораките на ЕУФотографија: MIA

Фени, комбинатот од Кавадарци не се прилагодил на новиот закон за технолошко-индустриски зони. Поради тоа владата и го одзеде екслузивитетот на зоната наречена “Долина на никелот”, која од 2002 година беше ослободена од плаќање даноци за репроматеријали, данок на добивка, ДДВ и други царински давачки.

Владиниот портапарол Ивица Боцевски тврди дека затворањето на слободната зона во Фени нема никаква врска со препораките на Европската Унија да се намалат бенефициите во слободните зони.

”Секој правен субјект може да повлече иницијатива повторно за формирање зона во Македонија. Веќе имаме неколку такви активни иницијативи, меѓутоа за тоа има строго пропишана процедура”, изјави Боцевски.

Во “Фени” работат околу 1.000 работници и комбинатот за нив е единствениот извор на егзистенција. Жителите на Кавадарци, градот во кој се ретки фирмите што работат профитабилно, се плашат дека затворањето на слободната зона може доплнително да им го загрози животниот стандард.

Фени произведува никел. Цената на овој метал на светските берзи високо котира, поради што целото производство е наменето за извоз.

Долината на никелот до вчера беше единствената слободна зона во Македонија. Наесен се најавува отворање на зоната во Бунарџик каде што засега единствена фабрика е "Џонсон Контролс", американскиот прозводител на автомобилска опрема.

По препорака на Брисел, Македонија го промени законот за слободни зони. Европа бараше да се намалат бенефициите за странските инвеститори што ќе отвораат фабрики во слободните зони за да се спречи создавање на нелојална конкуренција.

Европската комисија реагираше и во случајот на македонската фабрика за феросилициум. Се закни со антидампиннг мерки против комбинатот "Силмак" од Јегуновце бидејќи на европските производители на феросилицум им ги уривал цените.