Започнува владината конференција за новиот договор за ЕУ
23 јули 2007Реклама
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска треба да ја отворат одлучувачката конференција околу новиот поедноставен договор за ЕУ. На т.н владинна конференција во Брисел ќе учествуваат претставници на Европарламентот и повеќе ЕУ региони. Значајни делови од договорот веќе беа усогласени на Самитот на ЕУ пред еден месец. Новиот договор треба да биде замена за првобитно планираниот европски устав , кој меѓутоа беше отфрлен на реферндумите во Франција и во Холандија .