1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна самитот на АСЕАН

19 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CJAy

Речиси осум недели по крвавото задушување на демонстрациите во Мијанмар во Сингапур започна самитот на АСЕАН. Генералниот секретар на организацијата Онг Кенг Јонг го отфрли американското барање, да се исклучи Мијанмар. На почетокот на самитот повеќе странски студенти протестираа против насилството на воениот режим во Мијанмар. Инаку шефовите на држави и влади утре треба да потпишат повелба во која ќе биде содржано и барањето за придржување кон човековите права.