1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна првиот процес против затвореник во Гвантанамо

27 март 2007
https://p.dw.com/p/AgK3

САД го отворија првиот процес против еден затвореник во Гвантанамо. Станува збор за Австралиецот Дејвид Хикс, кој преминал во ислам, и е обвинет дека посетувал камп за обука на Ал Каеда во Авганистан и дека се борел на страна на Талибанците. Хикс, наспроти првичните извештаи, се изјаснил како виновен . Австралиецот беше уапсен во декември 2001 година во Авганистан, и во Гвантанамо беше пренесен на почетокот на 2002 година.