1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна историскиот самит на Европската унија под скептичен знак

12 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRc

Денеска во Брисел со голема скепса дали ќе успее согласноста за новиот устав, започна самитот на Европската унија. Централна тема се спорвоите за нацрт уставот на Конвентот. Германскиот канцелар Герхард Шредер изговори само една реченица пред да влезе во зградата на Советот на ЕУ:

"Сакаме европски устав, но тој мора да има супсатнца". Таа супстанца од германски апсект се состои главно од принципот на двојно мнозинство од државите и 60 насто од населението кога ќе се носат решенија во министерскиот совет. Шредер својата црвена линија уште еднаш ја подвлече за време на доручекот со францускиот претседател Жак Ширак и со британскиот премиер Тони Блер.Полска и Шпанија напротив се држат за постапката што беше договорена пред три години во Ница која на средно-големите држави им обезбедува поголемо влијание. Полскиот претседател Александар Квашњевски пред почетокот изјави:

"Просторот за компромис се уште не е исцрпен. Ние сите станавме робови на една ситуација, што значи секој зборува премногу во смисла дека неможе назад". Тој не е за тоа самитот да пропадне меѓутоа, може да замисли одложување за институционалните прашања. Претседателот на европскиот парламент Пат Кокс не го прифаќа тоа:

"Што ќе биде подобрено со одложувањето, што може подоцна да се регулира што не може сега да се направи? Отворено речено, се сомневам во тоа". Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер смета дека е можно практично решение. Тој ги предупредува шефовите на владите на Германија и Полска дека се премногу непомирливи во своите ставови:

"Би било многу пожелно ако не мислат предолго на тоа дек во идната година има избори, туку да мислат на следните европски генерации".

Италијанскиот претседавач на Унијата Силивио Верлускони во квечерината на самитот изјави дека има во џебот волшебна формула, но денеска изрази скепса дали Уставот ќе биде усвоен овој викенд. И претседателот на Европскиот парламент Пат Кокс е подеднакво скептичен: "Јас не ја знам волшебната формула, таа останува тајна. Бидејќи сакам мистерии се радувам ако успеат". Данскиот премиер Андерс Расмундсен го советува италијанското претседателство да не го одложува решението за идната година, туку сега во Брисел да се донесе решението за идниот устав:

"Би било многу тешко да завршат преговорите во идната година. Мојот совет до италијанското претседателство е да останеме во Брисел се додека не постигнеме резултат". Посебна е оценката на Клаус Хенш европарламентарец на СПД и член на Конвентот: "На Полска не и е јасно дека влезот во Европската унија претпоставува движење зашто сите мораат да се движат. Таа ментално се уште не стигнала во Брисел. Страхувам дека со такво однесување какво што има Полска прави пропуст уште во првата можност да соработува со нова Европа". Инаку, разговорите за првиот европски устав формално започнуваат денеска попладне.