Заплашувањето сведоци на Косово зема замав
30 август 2013Во отворено писмо на Борхарт (на фотографијата) и Кучи се наведува дека лицата кои донеле важна одлука да сведочат и да овозможат спроведување на правдата, треба да бидат пофалени, наместо јавно заплашувани поради својата храброст. Заплашувањето на сведоците не се извршува само преку испраќање директни закани кон некоја личност. На Косово само објавата поврзана со моралот на оној кој дава исказ е доволна причина сведокот да биде заплашен и да одбие да сведочи од страв за својот живот, нагласуваат двајцата претставници.
Тие сметаат дека наместо информации за сведоците, новинарите треба да им дадат приоритет на судските процеси, пренесува Танјуг.
„Правниот систем во Косово, како и другите правни системи, зависи од исказите на сведоците. Тие по сопствена природа се ранливи и многу често плашливи личности. Во интерес на јавноста е да му се обезбеди на секој сведок да го изнесе својот исказ“, стои во отвореното писмо на Борхарт и Кучи.