1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западот подобар од Истокот на „Олстар“ мечот

27 февруари 2012

Кошаркарите од западната конференција ги совладаа своите колеги од Истокот во најголемото шоу во американската кошаркарска НБА лига. Дурант избран за МВП, Коби Брајант влезе во историјата.

https://p.dw.com/p/14AXQ
Фотографија: AP

Кошаркарите на Западот го совладаа Истокот со 152:149 на Олстар мечот кој се одигра во Орландо. За најкорисен играч на мечот беше прогласено крилото на Оклахома, Кевин Дурант, кој постигна 36 поени во победата на неговиот тим. Неговиот соиграч Коби Брајант, со постигнатите 27 поени, го мина Мајкл Џордан како најефикасен играч во историјата на оваа манифестација.

Бекот на Лејкерси, Брајант, досега на Олстар-викендите постигнал 271 поен, со што го мина Џордан кој има 262, а претходно и Карим Абдул Џабар и Оскар Робертсон.

Во селекцијата на Истокот, најефикасен беше Леброн Џејмс со 36 поени, додека неговиот соиграч од тимот на Мајами, Двејн Вејд постигна „трипл дабл“ со 24 поени, 10 скокови и асистенции, со што стана третиот играч во историјата со таков учинок.

Автор: БГ/бета

Редактор: Ж.Ацеска