1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западните земји го одбија барањето на Иран за обнова на преговорите

18 јануари 2006

Иран побара од западните земји се обноват преговорите околу неговата спорна атомска программа. Во барањето до петте постојани членки на советот за безбедност на ОН плус Германија, Техеран сепак не навел конкретна понуда. Европските земји експресно го одбија таквиот предлог.

https://p.dw.com/p/Ac9j
Нуклеарните постројки во Натанс, Иран
Нуклеарните постројки во Натанс, ИранФотографија: dpa

Официјален Вашингтон му префрли на Иран за дипломатско замаглување на ситуацијата, Велика Британија понудата ја оцени како празна. Западните земји посреднички остануваат на ставот за спорната атомска программа на Техеран да расправа Сопветот за Безбедност на ОН.

Шефот на британската дипломатија, Џек Стро, образложи:

,, Како резултат на иранските неразмни акции околу атомската программа, екстремните изјави на претседателот Ахмадинеџад, како и правото на Иѕраел да постои, во целата меѓународна заедница се појави силна загриженист. Тоа многу ни помогна и сега е мошне веројатно Иран да се стави во темница“ рече Стро, мислејќи на евентуланите санкции кон Техеран што би ги наложило највисокото тело на Светската Организација.

И американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон, ги пренесе ставовите на властите во Вашингтон за Иран.

,, Веќе четири години САД стојат на ставот тоа прашање да се стави пред Советот за Безбедност. Доколку тоа тело не може да се сооочи со прашање какво што е иранската нуклеарна программа, би можело само да се предвидат последиците. Ова е јасна закана по меѓународниот мир и стабилност“ рече Болтон.

За разлика од САД, Британија, Германија и Франција, Кина и Русија одбиваат санкции против Иран, но бараат од властите во Техеран да се придржуваат кон меѓународните обврски.

,,Санкции против Иран не се најдобриот пат, за да се надмине грижита на меѓународната заедница во однос на атомската програма на Иран“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Главната задача би се состоела во тоа, Иран да се придржува до принципот за неширење на атомско оружје. Санкции уште повеќе би ја затегнале ситуацијата, смета Лавров.

Дипломатското решение за атомската програма на Иран се уште е во игра. По барање на западните земји, на вонредна седница на 2 февруари за тоа прашање ќе расправа Меѓународната агенција за атомска енергија. Алармот и стравот дека Иран подготвува атомска бомба се вклучи минатата недела, кога и покрај двегодишните преговори што ги водеше со европската тројка, Техеран ги скрши пломбите на нуклеарните постојки и продолжи со работа на атомската програма.