Западниот христијански свет го слави Велигден
23 март 2008Осудувајќија ја неправдата, омразата и насилството меѓу поединците и народите, папата порача дека тоа се отворени и болни рани на човештвото на секој агол од планетата .
Бенедикт 16-ти повика на активна приврзаност кон правдата во регионите во кои има судири и насекаде каде што се крши и гази достоинството на луѓето.
Тој потоа им посака среќен велигден на католичките верници на 63-јазици,меѓу нив и на македонски.
Папата, инаку вчеравечер, изјави дека верата е симбол на мирот и на помирувањето во светот. Освен тоа, Бенедикт 16-ти вчера го покрсти веројатно најпознатиот муслиман во Италија - новинарот на „Кориере дела Сера“, Магди Алам, кој инаку е роден Египќанец. Алам е жесток критичар на исламскиот екстремизам и затоа често добива закани со смрт.
Во Германија, келнскиот кардинал, Јоаким Мајснер, по повод Велигден ги повика верниците да го сфатат воскреснувањето христово како вистинска радост. Често има сомнеж и нема радост во срцата на некои христијани, изјави Мајснер, додавајќи дека Велигден е доказ за постоењето на господ. Првиот човек на Евангелистичката црква, пак, Волфганг Хубер, се осврна на тешката ситуација во Ирак, Тибет, но и на ситуацијата на луѓето што се невработени во Германија, велејќи дека духот на Велигден значи - отпор наместо предавање.