Заострени гранични контроли во ЕУ
26 мај 2007Реклама
Поради претстојниот самит на Г8 кој од 6 до 8 јуни се одржува во Германија, сите патници во ЕУ ќе мора да се соочат со позаострени контроли на сите гранични премини. Целта е да се спречи доаѓање на потенцијални насилни демонстранти, појасни портпарол на германската полицијата. САД дури и ги предупреди своите граѓани кои ќе патуваат во овој период во Германија да ги избегнуваат местата на кои ќе се собираат антиглобализациските демонстранти, бидејќи примерите од минатото покажуваат дека овие демонстрации може да прераснат и во насилство.