1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заокружување со божји благослов

Д. Драгојевиќ/Р. Ѓорѓиев22 септември 2013

Порано од олтарот католичката црква ги повикуваше верниците да гласаат за партиите кои имаат христијански предзнак во имињата. Тие времиња се минати, но сепак спроти изборите на 22. септември црквата не остана неутрална.

https://p.dw.com/p/19l8p
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога Кристијан Волф, евангелистички пастор ја одржува својата служба во една црква во Лајпциг, може да се очекува дека ќе налути некој таму присутен. Затоа што овој теолог држи политички проповеди, а член е на СПД. Некогаш се случува луѓето демонстративно да го напуштат преповедањето, трескајќи ја вратата од црквата, затоа што се разлутени од зборовите на шеесет и некоја година стариот пастор. За него, пак , е сосема нормално да се меша во политика. Но тоа не значи и да дава препораки за гласање, не го прави тоа ни за престојните избори, „тоа би било глупаво“, вели тој.

Црквата ги повикува верниците да излезат на избори

„Пасторите обично имаат слобода да ги водат своите проповеди како што сакаат“, објаснува Рајнхард Мавик, портпаролот на Евангелистичката црква во Германија (ЕКД). Но додава дека неговата црква е „надпартиска“ институција. Повиците да се гласа за одредена партија се невообичаени. Тие им препорачуваат на верниците да излезат на изборите во што поголем број. Истото важи и за католичката црква. Но пред неколку недели, фрајбуршкиот надбискуп Роберт Цолич привлече на себе големо внимание со својата изјава која се однесуваше на партијата Алтернатива за Германија (АФД). Тој изјави дека таа партија на „неколку носталгичари“ не сака да ја види во Бундестагот. АФД беа згрозени од коментарот. Германската бискупска конференција, чиј претседател е токму тој, пак застана во негова одбрана, тврдејќи дека тоа е став на поединец, на кој тој има демократско право, а не официјална изборна црковна препорака.

Robert Zollitsch bei Konferenz Die Zivilisation der Liebe in Hannover
Роберт ЦоличФотографија: dapd

Препораки од олтарот

Бискупите пак, најавија дека ќе се обратат до граѓаните за да ги повикаат да гласаат. Тоа е пракса уште од 1980. година. „Пред тоа црквата не давала конкретни предлози за кој да се гласа, но бирала формулациии од кои на сите им беше јасно на кој тоа се мисли“, вели Томас Гросбултинг, професор по Историја на Вилхемовиот универзитет во Минстер. Католичката црква пак знаеше и прилично јасно да сугерира да се заокружи за Христијанско-демократската унија и Христијанско социјалната унија. Па така во 1957 година јаво ги повикаа гласачите да гласаат за „кандидатите чии христијански верувања се познати и чии јавни делувања одговараа на тие верувања“.

Крајот на ваквите препораки се случува во 1980. години. Тогаш дојде до побуна на политичките протвници на ЦДУ-ЦСУ. „И проминентните католици ја критикуваа оваа пракса да се промовира само една политичка опција, тоа пак предизвика интерна дискусија дали германската бискупска конференција е овластена да го прави тоа. Времето кога бискупите јавно и без приговор ја рекламираа ЦДУ тогаш дефинитивно заврши“ - додава Гросбултинг.

Теолог, пастор, и застапник во Бундестагот

Политиката и црквата се според мислењето на лајпцишкиот пастор, неодвоиви. За него е само по себе разбирливо дека тој мора да биде член на партија - и како пастор и како граѓанин.

Pascal Kober
Паскал КоберФотографија: picture-alliance/dpa

„Демократијата е форма на општествен соживот кој најмогу му одговара на христијанството“, вели овој теолог, а членството во партија е притоа важен дел од демократијата.

Слично видување има и Паскал Кобер. Тој на крајот на 1990. влегол во либералната партија, ФДП. Од 2009 година е парламентарец од својата партија. Пред да го освои мандатот тој бил пастор, во евангелистичката црква во Вутенберг. Својот политички и професионален ангажман стриктно ги одвојувал. „Како пастор внимавав на тоа никој да не може да ми префрли дека ги користев моите проповеди за да добијам политички поени“ - вели тој. Многумина од членовите на неговата црква долго не знаеле за политичкиот ангажман на својот пастор. Во 2007 година побарал од неговата црква да биде преместен надвор од изборниот округ Ројтлинген во кој се кандидирал. Вели дека не сакал да ја искористи својата положба како пастор за својата политичка кандидатура. Ни денес не се гледа себеси како политичар. По завршувањето на неговиот мандат тој планира да му се врати на проповедувањето, но за него испраќањето на изборни пораки од тоа место е табу.