1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заморената и исцрпена лејди Ештон

Кристоф Хаселбах/ Симе Недевски3 април 2013

Година и половина пред истекот на нејзиниот мандат, високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон најави дека нема намера повторно да се кандидира за функцијата. Зошто?

https://p.dw.com/p/188i1
Фотографија: AP

Кога Европската комисија во 2009 година ја именуваше британската лабуристичка политичарка, бароницата Кетрин Маргарет Ештон (фотографија горе) за нова висока представничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, многумина се прашуваа: која е таа Ештон? Бароницата од Афоланд дотогаш веќе една година беше на должноста комесарка на ЕУ за трговија, но на европската, како и на британската јавност не и беше доволно позната.

Задачата која со новото именување беше  поставена пред неа , може да се каже дека беше навистина амбициозна. Таа, имено, со тоа не стана само виска претставничка за надворешна и безбедносна политика туку и потпретседателка на Европската комисија како и претседателка на Советот на министри за надворешни работи на земјите-членки во ЕУ. Нејзина главна задача беше да ги поврзе надворешните политики на одделните држави во едно. Во тоа требаше да ја поддржи Европската диплпматска служба- тело кое до ден денес не е во целост формирано.
Уште на самиот почеток по преземањето на функцијата на висока претставничка, на Ештон не и беше ни малку лесно. Одделни земји-членки, на пример, остро се спротиставуваа на официјалното име на функцијата „министерка за надворешни работи на ЕУ“, со оглед на тоа не сакаа дополнително да ја јакнат , и онака централната функција. За време на именувањето, бароницата веднаш им порача на своите критичари: „Оценувајте ме врз основа на она што го работам и уверена сум оти тогаш ќе бидете задоволни и горди на мене.“
Но, во меѓувреме, очигледно е дека сепак мора да се каже оти ни таа самата не е задоволна со својата работа и со она што досега го постигнала. Имено, пред неколку денови јавно се пожали на оптоварувањата поврзани со функцијата. Таа исто така меѓу редови најави дека нема намера да се кандидира за нов мандат, и тоа иако нејзиниот мандат истекува дури за година и половина.

EU-Außenminister Treffen in Luxemburg
Ештон на средба на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ со кој претседаваФотографија: dapd

Лошо познавање на странски јазици

Задоволството кај другите од тоа како и колку Ештон ги исполнува нејзините задачи , од самиот почеток беше многу скромно. Една од причините беше нејзиното лошо познавање на странски јазици, што пред се’ за Французите не е баш неважна ситница. Што се однесува до германскиот, како што самата кажа, тој јазик некогаш го учела на училиште „но до сега се’  заборавила“. Ветувањето дека ќе го поправи познавањето на странски јазици, Ештон до денес го нема исполнето.
Втора критика беше дека и  недостасува на искуство во областа на надворешната политика, но тој недостаток во меѓувреме таа го надомести. Третиот приговор кој многу често може да се слушне е наводниот факт оти често ја нема таму каде што треба да биде, дека не го изразува јасно своето мислење, оти не е дорасната на задачите, често е преоптоварена и дека, генерално, не е доволно ангажирана. Во тој смисол, позната е анегдотата кога нејзината портпаролка на една пресконференција, на прашањето дали знае каде Ештон моментално се наоѓа, одговорила: „Не, тоа не ни е познато, но таа во секој случај работи“. Германска европратеничка од партијата на Зелените  во една пригода и се има обратено на Ештон со зборовите: „Доколку Ви е премногу одговорно, тогаш можеби ова не е вистинската работа за Вас.“

Тешки услови за работа

Но, дали  овие приговори и критики се навистина фер? Јанис Емануилидис од бриселскиот Центар за европска политика вели оти Ештон, во основа, реагира внимателно. „Таа не покажа јасни стратешки линии. Имаше моменти кога не реагираше доволно брзо. Но, истовремено, мора да се каже дека условите за работа и се навистина отежнати“, кажува Емануилидис. Финансиската криза остави маку слободен простор за надворешнополитички теми, а со тоа и за неа сама, додека иницијативата во борбата против кризите во Либија и во Сирија веднаш ја преземаа поддинечни држави, пред се’ Франција и Велика Британија. И германскиот европратеник од Христијанско- демократската Унија, Елмар Брок, ја брани Ештон: „Во секој случај мора да се каже дека формирањето на надворешнополитичка служба на ЕУ која делува и функционира во голем број земји и која доведе до тоа сега во 90 проценти од случаите во ОН, да има нешто што се вика заедничка, европска позиција е голем успех“, кажува Брок. Што се однесува до недостатоците и пропустите, според неговото мислење, еднакво одговорни како поединечните земји-членки така  и самата Ештон.

Граници на заедничка надворешна политика

Со други зборови, она што недостасува на некој начин е слогата на земјите-членки по прашањето за заземање на заеднички став на членките на ЕУ.
Главна задача на Кетрин Ештон е координација, поврзување и посредување за да може воопшто да се воспостави некоја заедничка надворешна политика. Таа е во ЕУ и тоа како потребна, пред се’ за да може своето економско значење и влијание да го пренесе и во областа на светската политика. „Само ако застапуваме зеднички гледишта, ќе можеме да си ги одбраниме и сопствените интерси. Доколку тоа не се случи, тогаш други ќе ги донесуваат решенијата наместо нас“, вели Брок. Тоа го потврди и самата Ештон пред две години кога се кршеа копјата околу зедничкиот однос кон кризата во Либија. „Проблемот е во тоа што постојат многу разнични гледишта. Имаме 27 суверени земји-челенки кои се страсно уверени во своето право самостојно да решаваат за политиката“, рече тогаш британската бароница.
Заедницата на земји на ЕУ се соочува со особено големи проблеми кога станува збор за војната и мирот. Според мислењето на Јанис Емануилидис , особено во таквите моменти стануваат видливи границите во содавањето на една заедничка европска надворешна политика. По тоа прашање веројатно ништо нема да се смени- ни кога на функцијата високиот претставник на европската надворешна политика ќе дојде некој друг.
 

NATO Bombardement Tripoli Libyen 2011
Кризата во Либија- голем предизвик за Ештон и заедничката надворешна политика на ЕУФотографија: picture alliance / dpa