Заменик-генералниот секретар на НАТО во посета на Македонија
18 јули 2012Заменик-генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу, денеска (18.07) ќе престојува во официјална посета на Македонија. Ова е негова прва посета на земјата по стапување на функцијата во февруари оваа година.
За време на неговата посета, предвидено е Вершбоу да се сретне со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, со министерот за одбрана Фатмир Бесими, како и со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, беше најавено во седиштето на Алијансата во Брисел. Повеќе детали за целта за посетата и темите за разговорите со македонските владини преставници не беа соопштени.
Се очекува на средбите да биде разговарано за актуелните односи меѓу Република Македонија и НАТО, имплементацијата на целите и активностите во Годишната национална програма за членство на земјата во НАТО, со посебен акцент на перспективите за што побрзо зачленување на Македонија во Алијансата.