Закон за национално помирување во Ирак
12 јануари 2008Реклама
Ирачкиот парламент усвои закон со кој ќе се овозможи во јавните служби повторно да се вработуваат и приврзеници на поранешната Баас-партија на режимот на Садам Хусеин. За донесување на законот посебно се залагаа САД, кои го сметаат за важен чекор за национално помирување меѓу некогашните сопартијци на Садам и ирачките шиити.