Законскиот лимит за задолжување на САД привремено укинат
1 февруари 2013Надмината е опасноста дека владата на САД до крајот на февруари ќе бидат платежно неспособни. По претставничкиот дом и Сенатот гласаше за приврмено укинување на законски утврдената горна граница на задолжување. Со тоа владата на претседателот Барак Обама до средината на мај може да презема нови задолжувања. САД на 31 декември ја достигнаа законски дозволениот лимит на долгови во вредност од 16,39 билиони долари. Платежната способност на владата од тогаш наваму беше обезбедувана преку вонредни мерки, како суспендирањето на државните уплати во пензиските фондови. Според пресметките на министерството за финансии целисходноста на ваквите привремени мерки ќе заврши најдоцна до крајот не февруари или почетокот на март.
Повеќе време за решавање на буџетскиот спор
Претседателот Барак Обама веќе вети дека ќе го потпише, новиот законот кој ќе и дозволи на американската влада да продолжи во следните неколку месеци да зема кредити за да може да ги исполни своите финансиски плаќања, вклучувајќи ги и оние кон странските кредитори.
Државните службениции ќе ги добиваат своите плати, во пензиските фондови ќе има уплати, а сопствениците на државни хартии од вредност нема да стравуваат за иднината на своите финаниски вложувања.
Според пресметки на економистите, во наредните трипол месеци владата ќе се задолжи со уште 450 милијарди долари и федералниот долг на САД ќе се зголеми до 17 трилиони долари.
Федералните власти се надеваат до тогаш да се најде конечниот компромис за спорот околу буџетот меѓу демократите на Обама и републиканците.