1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Законите повторно ќе се гласаат - ВМРО ДПМНЕ му одговори на Претседателот Црвенковски

15 август 2008

Владеачката ВМРО ДПМНЕ му го враќа ударот на Претседателот на државата Бранко Црвенковски. Во меѓувреме Претседателот Црвенковски и спикерот на Парламентот Вељановски се договорија како да ја намдинат уставната кирза.

https://p.dw.com/p/ExhS
Законите повторно во ПарламентотФотографија: picture-alliance/ dpa

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски откако го потпиша Законот за Албански јазик, и стави вето на владините проекти за работни односи, за адвокатура, енергетика и за лобирање вчера повеќе часа разговараше со претседателот на Собранието Трајко Вељановски. На средбата бил постигнат заклучок дека настанатиот спор меѓу Претседателот и Собранието се појавил меѓу другото и поради правните празнини и недоречености во постапката за изгласување на законите.

Претседателот на Републиката и претседателот на Собранието на средбата решија и македонскиот Парламент одново да се произнесе за непотпишаните закони на првата наредна редовна седница на Собранието.

Претседателот Црвенковски пред да се сретне со претседателот на Собранието оддржа прес конференција на која најави отворена политичка пресметка со премиерот Никола Груевски. На настапот на шефот на државата владеачката ВМРО ДПМНЕ веднаш испрати одоговор во кој меѓу другото се вели дека Црвенковски промовирал неодговорна и тесно-партиска политика.