1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закажано продолжение на конститутивната седница во српскиот парламент

7 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6k

Во српското Собрание денеска продолжува конститутивната седница на парламентот, на која треба да бидат избрани претседател и потпретседатели како и да се формираат парламентрни одбори и да се именува секретар.

Конститутивната седница почна на 14 февруари и на неа беа верификувани мандатите на 250 пратеници. Последна точка на дневниот ред е изборот на новата српска влада, за која преговорите се одвиваат споро.