1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закажани избори во Австралија

14 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BqmT

Австралискиот премиер Џон Хауард закажа нови избори за 24-ти ноември. 68-годишниот Хауард, кој веќе 11 години е на чело на владата, се стреми кон добивање нов мандат, но во анкетите неговите конзервативци значително заостануваат зад опозиционата Лабуристичка партија на Кевин Руд. Додека Хауард агитира со позитивниот економски развој во земјата, Руд акцент става врз барањето за повлекување на австралиските трупи од Ирак и за потпишување на климатскиот протокол од Кјото.