1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заедничка акција за излез од финаниската криза

9 октомври 2008

Берзата во Франкфурт воздржано реагира на координираната акција на најважните Централни банки во светот. Тие ги намалија основните банкарски камати за да помогнат во надминувањето на финаниската криза.

https://p.dw.com/p/FWfY
Турбуленции со ДАКС индексотФотографија: AP

Европската централна банка ја намали каматата во евро зоната за 0,5 проценти, на 3,75, Американската за исто толку на 1,5 насто, како и британската, на 4,5 проценти. Во редуцирањето на основната банкарска камата учествуваат и националните банки на Шведска, Канада и Швајцарија, како и кинеската. Јапонската банка не ги намали каматите, но ја поддржува акцијата, беше соопштено вчера (08.10.2008).

Недоверба на берзата

На оваа вест берзите здивнаа најпрво со олеснување. На Франкфуртската берза за неколку секунди индексот ДАКС нотираше речиси 300 поени над дневниот пад, но реакцијата на берзанските работници е воздржана.

Тие мерката ја оценуваат за правилна, но симболична, се сомневаат дали ќе помогне во внесување доверба во финансискиот сектор.

Со часови вчера индексот ДАКС паѓаше и се качуваше, нема јасен тренд.

Крајно, довербната на целиот глобус е разнишана поради финаниската криза. Берзанскиот маклер Тобиас Белге е скептичен. Тој предвидува дека сепак ќе дојде до намалување на штедењето на граѓаните во банките.

Како да се испумпа кредитниот балон

На Франкфуртската берза ситуацијата останува напната. Брокерите велат дека тоа е екстремна ситуација, која на оваа берза досега не ја доживеале, немаат искуство со неа. Суштината на проблемот е што луѓето во Америка и во Европа во голем дел живееја на кредит. Овој кредитен балон стана премногу голем, а како може сега да се испумпа, останува отворено прашање, велат берзанските работници.

Deutschland Finanzkrise Hypo Real Estate Bank
Довербата во финансискиот сектор не е вратенаФотографија: picture-alliance/ dpa

Ренимираниот берзански експерт Волфганг Герке сепак има надеж.

Тој доживеал многу берзански падови, но според него овој е особено голем, најголем по Втората светска војна. Сепак, тој вели наскоро ќе излеземе од него. Следната година светот ќе изгледа поинаку.

Координираната акција на различните централни банки и намалувањето на водечката камата е важен чекор во борбата против финансиската криза, иако само еден на долгиот пат кон нормализирање.




Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема