1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев на чело на СДСМ до враќањето на Црвенковски

Александар Чомовски 1 септември 2008

Кај партискиот врв на СДСМ задоволство поради можното враќање на Бранко Црвенковски во мај 2009-та. Аналитичарите пак се резервирани околу можноста за рехабилитација на партијата под раководство на Црвенковски.

https://p.dw.com/p/F8bc
СДСМ, СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Опозицискиот СДСМ ќе го чека враќањето на својот основач и прв лидер Бранко Црвенковски, кој по крајот на претседателскиот мандат во мај наредната година треба да се врати на чело на партијата. Потпретседателот Зоран Заев ќе ја води партијата до вонредниот конгрес на кој би требало повторно да се избере Црвенковски за шеф на партијата.

На партиската сцена во Македонија и опозициската ДПА се соочува со турбуленции. Поранешниот министер за здравство Имер Селмани најавува отцепување и формирање на нова партија, десно ориентирана со граѓанско либерална идеологија во чиј фокус нема да биде само т.н национално битие на Албанците во Македонија.