Загина кенискиот министер Џорџ Саитоти
10 јуни 2012Реклама
Според кениската полиција, во несреќата што се случи денеска, загинал министерот за внатрешна безбедност, кој во еден период беше и вице-претседател на Кенија, Џорџ Саитоти. Саитоти, инаку по професија економист и математичар кој се образувал во Америка, беше еден од највлијателните политичари во Кенија. Тој минатата година соопшти дека има намера да се кандидира за претседател на земјата на изборите во 2013 година.
Кои се причините за несреќата, во која покрај министерот загинаа и неговиот заменик Џошуа Орва Оџоде, двајца телохранители и пилотите, засега не е познато. Полицијата единствено соопшти дека претставници на владата ќе го посетата местото на несреќата, во планините Нгонг околу кенискиот главен град.