1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши 2009 година - конечно

1 јануари 2010

Македонските граѓани преживеаја турбулентна година, една од најнеизвесните во поновата историја на државата. Се соочија со нова криза и опасни вируси, истераа избори -претседателски и локални. Сега е време за нови желби.

https://p.dw.com/p/LIAs
Фотографија: AP

Ако ги прашате македонските граѓани што најмногу посакуваат во 2010 година, повеќето од нив, освен мир и спокојство, ќе одговорат:

“Да најдам работа“.

На централната прослава на плоштадот Македонија убаво украсено, вообичаено весело. Организаторите од година во година се трудат да направат што е можно подобра забава. Најдоглата ноќ ја збогатија Владо Јаневски, Есма Реџпова и познатите балкански групи и пејачи Прљаво Казалиште и Џибони. “Супер е, многу сум среќен што сум тука“, рече пејачот од Сплит пред настапот. Различни вкусови, пребирливи граѓани, кои сепак беа најзаграени за домашните изведувачи.

Во 2010 мора да престанете да пушите

Totales Rauchverbot in englischen Pubs und Clubs
2010 година почна со целосна забрана за пушење на јавни местаФотографија: picture-alliance/dpa

Можеби најголема новина што им ја донесува 2010 на луѓето во Македонија е забраната за пушење. Ноќта се применуваше во сите ресторани и кафулиња. Многумина ги упати на желбата во 2010 да ги остават цигарите.

Огномет, петарди, разни пукотницни го распараа македонското небо, најавувајќи го почетокот на новата декада. Мамурлукот во првиот ден од 2010 ќе го попречува сумирањето на впечатоците од 2009 и од нејзиниот финиш во најлудата ноќ. Без особена копмапрација, може да се заклучи дека 2009 не беше година за јуначање туку период што може да се истера.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев