1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши судењето на Бо Силаи

ЖА/дв/дпа/ртре26 август 2013

Во Пекинг заврши судењето на поранешниот член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, Бо Силаи, за корупција. Судот најави изрекување на пресудата за подоцна.

https://p.dw.com/p/19W0Q
Фотографија: picture-alliance/dpa

На петтиот ден од судењето обвинителот побара во завршниот збор строга казна. „Исклучително тешки обвинувања“, оваа квалификација треба да го загрижи Бо Силаи, екс-политичката ѕвезда. Зашто, кога пред кинеските судови се зборува за посебно тешки дела, не ретко се изрекува и смртна казна. Во записниците од судењето освен тоа стои: „нема никакви олеснителни околности, кои би оправдале поблага казна“. И конечно, 64-годишниот политичар не се изјасни како целосно виновен. Според наводите на обвинителството, Бо како партиски функционер ја злоупотребил службената положба за да оствари профит, примил големи суми пари и недвижности и проневерил државни пари.

Бо Силаи е обвинет дека заедно со сопругата Гу Каилаи и нивниот син Бо Гуагу примил 21,79 милиони јуани (2,67 милиони евра) од Станг Сијаолин и уште еден бизнисмен.

Процесот против поранешниот партиски шеф и градоначалник на милионската метропола Чонгкуинг е во фокусот на кинеската јавност.

Според експертите, обвинетиот, кој може да добие и смртна казна, веројатно ќе биде осуден на долгогодишна казна затвор. Изрекувањето на пресудата се очекува во септември.

Ненадејното паѓање во немилост во минатата година на овој харизматичен политичар кому му беа ветувани највисоки функции во рамките на кинеското раководство, предизвика шок во комунистичкиот апарат и во кинеската јавност. Бо пред судот во Џинан тврдеше дека обвинението е засновано на лагите на двајца клучни сведоци, неговиот бивш помошник и неговата сопруга. Бо изјави дека пред дисциплинска комисија на партијата претходно признал корумпираност, но направена под притисок.

Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина во ноември 2012 година го исклучи Бо Силаи од членство. Нему му беше укинат и пратеничкиот имунитет.

Неговата сопруга Гу Калаи во август 2011 година поради убиството на британскиот бизнисмен Нил Хејвуд беше условно осудена на смрт, што е рамно на доживотен затвор.