Заврши посетата на Блер на Блискиот Исток
25 јули 2007Реклама
На крајот од неговата посета на Блискиот исток , поранешниот британски премиер Тони Блер се сретна со шефот на израелската влада Ехуд Олмерт. Притоа Блер го информирал Олмерт за претходно водените разговори со палестинското раководство на Западниот Брег. Ова е првпат Блер да допатува во регионот како специјален пратеник на Блискоисточниот мировен квартет, кој е составен од ОН , Европската Унија , Русија и САД.
„ Тој е човек кој ги знае добро состојбите. Сега тој е тука да помогне, да ни помогне нас во решавање на проблемите. Значи тука не се работи за Тони Блер , туку за нас“- гласеше оценката на палестинскиот министер за надворешни работи Салам Фајад.