1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши блокадата на босанскиот парламент

Самир Хусеиновиќ / Е.М.Фиданоска7 јуни 2013

Денеска (07.06), во раните утрински часови, под силно полициско обезбедување, парламентарците, вработените во државните институции и странските државјани го напуштија седиштето на Парламетнтот на БиХ.

https://p.dw.com/p/18lVb
Фотографија: picture-alliance/AP

Деблокадата на државните институции уследи откако Високиот претставник за БиХ Валентин Инцко им вети на демонстрантите дека Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ПИЦ) ќе помогне во решавање на проблемите околу издавање на единствен матичен број. Инцко првенствено се заложи за евакуација на странските државјани, учесници на Собранието на Европскиот фонд за ЈИЕ. „Ми се јавија австриски и германски банкари од парламентот и тие имаат чувство дека се лишени од слобода“, рече Инцко. Странците, пак, изјавија дека е скандал тоа што биле затворени во зградата, а некои од нив порачаа дека по она што се случило инвестирање во БиХ не доаѓа предвид.

Bosnien Sarajewo Proteste gegen Einführung einheitlicher ID Nummer
Фотографија: DW/S.Huseinovic

Непосредно пред евакуацијата, министерот за безбедност на БиХ Фахрудин Радончиќ изјави дека „оној што оневозможува движење на членови на влада или парламент прави тешко кривично дело“. „Ако сме незадоволни, не значи дека можеме да вршиме еден вид колективно киднапирање“, рече Радончиќ.

Sarajevo Proteste Gesetz Identifikationsnummer
Фотографија: klix.ba

На протестите до четири часот изутрината останаа неколку стотици луѓе. Тие ги отфрлија тврдењата на пратениците на Република Српска дека протестите се политички мотивирани. Им се заблагодарија на граѓаните на Бања Лука за поддршката и нагласија дека протестите немаат ниту етнички ниту ентитетски предзнак.

Протестите во Сараево се одржаа поради повеќемесечниот застој во процесот на издавање единствени матични броеви на граѓаните. До застој дојде поради тоа што политичарите не можеа да се договорат околу регистрациски подрачја за издавање матични броеви.