Завршија консултациите на Тројката и приштинската делегација
19 септември 2007Реклама
Меѓународната посредничка Тројка денеска во Лондон ги заврши и консултациите со косовската делегација. Претставниците на Приштина на Тројката им предадоа документ за како што стои регулирање на идните добрососедски односи меѓу Косово и Србија по утврдување на статусот. Косовскиот премиер Агим Чеку повтори дека независноста на Косово воопшто не е на дневен ред на средбата, бидејќи тоа е непобитен факт. Тројката, која вчера имаше средба со делегацијата од Белград, сега ќе има консултации за Косово и со политичките директори задолжени за Балканот од земјите на Контакт Групата.