1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви при судир во мексикански затвор

АТ/ ртр/ дпа28 април 2013

Во судир во еден затвор во Мексико се убиени најмалку 13 лица, а околу 65 се повредни. Засега не е познато дали во судирот учествувале банди со дрoга.

https://p.dw.com/p/18OYw
Фотографија: Reuters

Властите на сојузната држава Сан Луис Потоси соопштија дека во една затворска институција во истоимениот главен град во раните утрински часови избила пресметка, во која учествувале најмалку 100 затвореници.

Полицијата и армијата до претпладнето во затворот, кој се наоѓа на 400 километри северно од Мексико сити, повторно ја ставија ситуацијата под контрола, се вели од официјална страна. Затворениците се спротивставиле еден на други со остри предмети и друго импровизирано оружје. Причина за судирот била група затвореници, кои ги ограбувале и шиканирале другите затвореници. Постoи можност некаква улога да имаат и ривализираните банди со дрога, но тоа засега е неизвесно.

Мексико, каде голем број банди со дрога се инволвирани во борбите, изминатите години беше соочено со бран насилства. Во мандатот на поранешниот претседател Фелипе Калдерон во периодот меѓу 2006 и 2012 година беа убиени најмалку 70.000 луѓе. Околу 27.000 Мексиканци се’ уште се водат за исчезнати.

Калдерон целно ја ангажираше војската, за да ја уништи моќта на ривализираните картели за дрога во земјата. Откако претседателот Енрике Пена Нието ја презема власта, убиствата се намалија за 14 проценти. Според статистиката на владата, во последните четири месеци во Мексико загинале околу 4.250 лица поради организираниот криминал.