1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви при напад врз храм на Сиките во САД

АТ/ дв/ макфакс6 август 2012

Повеќемина го загубија животот, откако едно лице го нападна храмот на Сиките во Оак Кирк, САД. Претседателот Барак Обама изрази шокираност.

https://p.dw.com/p/15kSf
Фотографија: AP

При напад врз храм на индиската заедница Сики во во градот Оак Кирк во американската сојузна држава Висконсин убиени се најмалку седум лица, а уште три лица со тешки повреди се пренесени во болница. Според полициски извори меѓу жртвите се наоѓал и веројатниот напаѓач, кој бил застрелан од полицијата. Началникот на локалната полиција Бредли Вентланд, на прес-конференција изјавил дека осомничениот напаѓач ранил полицаец кој „возвратил на огнот и го застрелал“. Претседателот на САД Барак Обама изрази шокираност од нападот.

Заедницата на Сиките соопшти дека е забележано зголемување на нетрпеливоста и нападите врз Сиките по терористичките напади од 11-ти септември во 2001 година. Коалцијата на Сиките со седиште во Вашингтон пријавила повеќе од 700 инциденти во САД по 2001 година, што се припишува на анти-исламското расположение по терористичките напади во САД.

Сиките не ја практикуваат истата вера како муслиманите, но нивните долги бради и турбани често предизвикуваат Американците да ги идентификуваат како муслимани, велат активистите за човекови права.

Сикизмот е монотеистичка вера, која е основана во Јужна Азија, на територијата на Индија, пред повеќе од 500 години од гуруто Нанак, и се карактеризира по тоа што го отфрла системот на кастите и верувањата на хиндуизмот. Таа има околу 27 милиони следбеници ширум светот. Според проценките, во САД живеат околу половина милион Сики, додека најголемата заедница е во Индија.