1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви по детонациите во депо за муниција во Бразавил

4 март 2012

При серија експлози во магацин со оружје во главниот град на Конго, Бразавил загинаa околу 200 лица, а 1.500 лица се повредени. Властите повикаа на смиреност и информираа дека детонациите биле предизвикани од пожар.

https://p.dw.com/p/14Eod
Фотографија: AP

Околу 200 лица денеска во Бразавил го загубија животот, а околку 1.500 со поврди се однесени во болниците во градот, по серијата експлозии кои се случија во депо за муниција на истокот во главниот град на Конго. Од повеќе извори се тврди дека во магацинот за муниција утрово избил пожар. Со детонациите биле уништени повеќе куќи, кај некои згради биле унишени вратите и прозорците или излетеле покривите. Според информации од дипломатски кругови не станува збор за напад. Улиците на местото на несреќата, според агенциите, во меѓувреме се празни. Може да се забележат само возила на прва помош, на полицијата и противпоажарните екипи. Меѓутоа, активностите на расчистување на теренот се одвиваат тешко, бидејќи постојано следеле помали експлозии. Според очевидци, многу луѓе кои живеат и подалеку од депото ги напуштаат куќите, а на некои места избила и паника.

Министерот за одбрана на Конго, Чарлс Захарие Боаво во меѓувреме го повика населението на смиреност. Детонациите не значат ниту војна, ниту бунт, туку биле предизвикани од пожар во депото за муниција, подвлече министерот во телевизиското обраќање.

Од првата детонација утрово над Бразавил се изгдигаат облаци чад. Експлозиите, според очевидци, силно се почувствувале во центарот на Бразавил, но и во соседна Кинашса, град кој се наоѓа од другата страна на пограничната река. Властите информираа дека до утре во прекин е и фериботскиот превоз меѓу двата града.

Автор: АТ/ АМ/ дапд/ афп

Редактор: Александар Методијев