Жртви во поплавите во Шпанија
29 септември 2012По повеќенеделна суша, ненадејните обилни врнежи од дожд во јужниот дел од Шпанија предизвикаа поплави. Како што соопштуваат властите, притоа загинале најмалку седум лица. Меѓу кои и едно деветгодишно девојче.
Погодени се пред се‘ регионите Андалузија, Мурсиа и Малага. Според медиумите, под вода се цели села, автомобилите се носени од водените маси. Стотици луѓе мораше да бидат евакуирани од своите домови и пренесени на безбедно. Луѓето кои се искачуваа на покривите беа спасувани со помош на хеликоптери, други беа пренесувани со чамци.
Метеоролозите велат дека во одделни региони наврнале до 245 литри дожд на квадратен метар. Телевизијата ТВЕ извести дека водената стихија однесла цел мост и дека е во прекин и железничкиот сообраќај на одредени делници.