1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жолчна дебата во Бундестагот за нацистичкото минато

Марсел Фирстенау/ Жана Ацеска9 ноември 2012

Парламентот спори околу кариерите на старите нацисти во Западна Германија. Тие биле особено влијателни во тајните служби. Многу акти на оваа тема остануваат затворени.

https://p.dw.com/p/16g2r
Фотографија: picture alliance / akg-images

На прв поглед делува малку старомодно и депласирано: германските пратеници 67 години по крајот на националсоцијалистичкото терористичко владеење дебатираат околу расветувањето на нацистичкото минато во сојузните министертва и служби. И тоа на ден ког Сојузното обвинителство во Карлсруе подигна обвинение против неонацистите на чија совест лежат 10 убиства во периодот меѓу 2000. и 2007. година. Едното е затрашувачка актуелност, другото, се чини, е историја. Но, минатото секогаш повторно испливува на површина

Расветлувањето на серијата убиства со непријателска кон странците заднина со подигањето обвинение против осомничената терористка Беате Чепе и нејзините помошници влегува во нова фаза. За преработката на нацистичкото минато во западногерманските министертва и служби важи - таа и покрај сите напредоци е далеку од крајот. Ваквиот впечаток се зацврствува по студирањето на 85 страници долгиот одговор на владата на прашањето на пратеничката група на Партијата на левите во Бундестагот.

Уништувањето на актите има традиција

Пратеничкото прашање беше повод за сериозна расправа во Бундестагот при која постојано беа присутни поврзници со актуелниот нацистички терор. Во фокусот на критиката се најдоа безбедносните служби. Денеска, како и во поранешните времиња, исчезнувањето на важни акти предизвикува вртење на главата со неверување и шокираност. Нужно се наметнува сомнението за прикривање на информациите кои ги товарат злосторниците или дури за нивна заштита. Во случајот на во 2011. година откриената група Националсоцијалистичко подземје, во моментов лежи само претпоставка, но не неоснована. Кога се работи за односот кон нацистите по 1945. година, тоа е веќе факт.

Adolf Eichmann hoch
Адолф АјхманФотографија: AP

Неславна улога често играла пред се‘ германската разузнавачка служба БНД. Уште во доцните 1990-те години исчезнале важни документи за масовниот убиец Алоиз Брунер. Високиот СС-офицер бил десна рака на Адолф Ајхман, кој на својата работна маса во Берлин го организирал холокаустот и во 1961. година во Ерусалим беше осуден на смрт. Иако на БНД и‘ беше познато каде се наоѓа Ајхман, тој многу години мирно живееше во Аргентина. Својата заштитничка рака БНД ја пружи и кон воениот злосторник Клаус Барби, кој во Франција испрати во смрт стотици Евреи. Тој, како и Ајхман, се криеше во Јужна Америка и кон средината на 1960-те беше дури и агент на тајната служба.

Опозицијата ја критикува владата

Досиејата на Барби, Ајхман и другите воени злосторници делумно се‘ уште се заклучени, коментираа повеќе говорници во Бундестагот со целосно неразбирање на тој факт. Заменикот-претседател на Бундестагот Волфганг Тирзе од СПД апелираше до партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и Либералите да не спречуваат отворање на овие акти. Кон критиката се придружи и Фолкер Бек од пратеничката група на Зелените.

„Неотворањето на актите во врска со националсоцијализмот заради заштита на работата на нашите тајни служби не може да биде во јавен интерес. Уште помалку со оглед на актуелната дискусија околу десниот екстремизам во Германија“, дополни Бек.

Јан Корте од Левите зборуваше за „втората вина“ на Германците, алудирајќи на книгата на Ралф Џордано во која публицистот го тематизира германското потиснување и негирање на нацистичкото минато.

Deutschland Geschichte Buchcover Das Amt und die Vergangenheit
Речиси 900 страници за нацистичкото минато на Министерството за надворешни работиФотографија: dapd

На одобрување кај сите партии наидува фактот што се‘ повеќе министертва и служби започнуваат критичка преработка на својата историја. Почит предизвика резултатот на Историската комисија раководена од Екарт Конце и Норберт Фрај за преплетеноста на Министерството за надворешни работи со злосторничкиот нацистички режим. Нарачател на беспоштедната анализа под наслов „Министерството и минатото“ во 2005. година беше тогашниот министер за надворешни работи Јошка Фишер.

Овој пример во меѓувреме го следеа многу министертва и служби и започнаа истражувачки проекти. Меѓу нив е и разузнавачката служба БНД, како и Службата за заштита на уставот.

Германската влада ги поддржува овие иницијативи „неограничено“. Критичарите како Јан Корте меѓутоа се сомневаат во независноста на ангажираните научници. За време на проектната фаза научниците не смеат да даваат изјави во јавноста. Секоја изјава на пример во врска со истражувањето на минатото на службата за заштита на уставот мора да биде според владата договорена и одобрена од раководството на проектот.

„Тоа е цензура“, смета Корте.