1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жешки теми во Брисел

22 февруари 2010

Високата претставничка на ЕУ за надворешни политика, Кетрин Ештон ги повика властите во Скопје и Атина што поскоро да го решат спорот околу името. Ештон не коментираше дали во спротивно би дошло до дестабилизација.

https://p.dw.com/p/M8ID
Баронесата Ештон не зборуваше многу за турнејата на БалканотФотографија: AP

Баронесата Кeтрин Ештон, високата претставничка на ЕУ за надворешни политика, која се враќа од првата посета на Западниот Балкан откако ја презеде новата функција во ЕУ, не говореше многу за патувањето, но одговарајќи на новинарско прашање, таа ги повика властите во Атина и Скопје да пронајдат решение за спорот со името што е можно поскоро.

„Колку што сум запозната, прашањето е билатерално, од близу пратам се што се случува, но јас не се вклучувам затоа што тоа не е соодветно во овој момент, но се надевам дека ќе има решение.“

Ова е уште еден од бројните зачестени повици на Европската Унија во последниве седмици да се реши проблемот , за кој многумина во ЕУ предупредуваат дека ако не се реши во поставениот рок од шест месеци, може да има безбедносни импликации. Ештон одби да коментира за можната дестабилизација на Македонија и регионот.

Ештон: Европските пасоши се едни од најсигурните

Mahmoud al Mabhouh Hamas Portrait
Убиството на Махмуд ал-Мабхух доведе до дипломатска криза меѓу Израел и ЕвропаФотографија: AP

На денешниот состанок на министри за надоврешни работи на ЕУ учествуваше и израелскиот министер, Авигдор Либерман, кого земјите-членки го испрашуваа за вмешаноста на израелските тајни служби во убиството на припадник на Хамас, за осомничените з аубиството се отрки дека поседувале пасоши на земји членки на Унијата

Ештон не сакаше да открие детали од средбите, меѓутоа убедуваше дека нема закана по европската безбедност.

„Европските пасоши се меѓу најбезбедните во светот, по меѓународни стандарди. Разбирам што се случило, но мислам дека е важно да не изгубиме доверба во едни од најбезбедните пасоши, ова беше многу страшен инцидент. Што се однесува до минатото или днината, истрагата треба да продолжи, но не сакам да прејудицирам.“

Во заклучоците на денешниот состанок, се очекува минситрите да ја осудат употребата на фалсификуваните пасоши, но не и да постават јасна поврзаност со државата Израел.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Трајче Тосев