1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Жешка“ недела во Њујорк

22 септември 2009

По самитот за климата, од среда ќе се дебатира на традиционалната генерална дебата. Истовремено се одржуваат и редица други советувања за атомското разоружување и други актуелни теми.

https://p.dw.com/p/JlgA
Отворено е 64-то Генерално собрание на ОНФотографија: AP

Генералната дебата во ОН годинава може да прерасне во вистински самит. Американскиот претседател Барак Обама в среда ќе има деби со големата сала на Генералното собрание, а претстојат и настапите на шефот на државата на Либија, Муамер ел Гадафи и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Американските дипломати прават обид да не дојде до средба на овие двајца политичари со американскиот претседател.

Во вторник пак израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Палестинците Махмуд Абас ќе се обидат да ги придвижат блискоисточните мировни преговори.

Преговорите за заштита на климата се комплексни

Истовремено повеќе од 100 шефови на држави ќе се сретнат на климатскиот самит „Ова ќе биде најголема средба од ваков вид на држави и влади,“ вели генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој е загрижен поради темпото со кое се одвиваат преговорите кратко пред климатската конфереција во декември во Копенхаген. „Нема многу време, преговорите се неверојатно комлексни,“ вели Бан, кој зборува за застражувачко искуство по посетата на Арктикот, каде лично се уверил во топењето на глечерите. Промената на климата се одвива многу побрзо отколку што можеме да си замислиме, предупредува генералниот секретар на ОН.

Symbolbild Klimawandel
Промената на климата-една од темитеФотографија: dpa - Bildfunk

Амбасадорот на Германија во ОН, Томас Матусек смета дека сега треба да се испрати јасен политички сигнал и да се изоди последната делница до Копехаген. Таму во декември би требало да биде усвоен наследникот на Кјото протоколот. Особено интересно се очекува да биде вечерата во вторник на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со големите економски нации и производители на ЦО2 издувни гасови, како и некои помали земји, меѓу нив повеќе островски држави, кои особно се погодени од промената на климата.

На дневен ред финансиската криза и нуклеарната програма

Генералното собрание ќе се занимава и со последиците од финансиската криза, една година по големиот колапс на пазарите. Според проценките на ОН годинава повеќе од 100 милиони луѓе ќе паднат под гранцицата на сиромаштија. Генералниот секретар има намера да ја потсети меѓународната заедница на нејзините обврски и дадените ветувања за помош, пред самитот на Г20 во Питсбург.

Паралелно со генералната дебата, министрите за надворешни работи од целиот свет ќе дискутираат околу договорот за стопирање на тестови за атомско оружје. Десет години по неговото усвојување, девет држави, меѓу кои и САД се’уште го немаат ратификувано. Но, Бан се надева дека наскоро ќе биде постигнат напредок по прашањата за неширење на атомското оружје и разоружувањето. Тој особено ја поздрави одлуката, што американскито пртседател Барак Обама в четврток ќе ја води седницата на Советот за безбедност на оваа тема. Прв американски претседател на оваа функција.

Автор: Лена Бодевајн / Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска