1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ ја намали основната каматна стапка

АТ/ ртр/ афп2 мај 2013

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка во монетарната унија на рекордно ниско ниво. Даночната стапка е намалена од 0,75 на 0,5 проценти.

https://p.dw.com/p/18QeR
Фотографија: picture-alliance/dpa

Експертите го очекуваа чекорот за намалување на основната даночна стапка, кој Управниот Совет на ЕЦБ го најави на седницата во Братислава. Стапката под која банките ставаат пари на чување во ЕЦБ е 0 проценти. Стапката за краткорочни позајмици за ликвидитет падна од 1,5 на 1,0 процент.

Јерг Цојнер, главен економист во КфВ банката ја поздрави одуката на Европската централна банка: „Тоа е позитивен сигнал и би требало да го подигне расположението“. ЕЦБ размислува европски: со оглед на тоа што во повеќето земји на еврото се зголемува невработеноста и стопанството слабее, ЕЦБ одговорно го искористи просторот во кој може да делува, подвлекува Цојнер.

Погрешен сигнал?

Мнозинството експерти меѓутоа сепак не веруваат дека намалувањето на каматната стапка ќе има некое позначително влијание врз конјунктурата во земјите на еврото. Јерг Кремер, главен економист на Комерцбанк, дури смета дека овој чекор е погрешен сигнал. За весникот „Ханделсблат“ Кремер пишува: „Наместо да се намалува каматната стапка, банкарите од централната банка и политичарите треба да создаадат услови да се стави крај на политиката на нулта даночна стапка“. Конечно, лабавата парична политика има голем удел во создавањето на кризата на финансиските пазари.

Поважно би било како ќе се однесува новата италијанска влада или што ќе направат земји како Франција, за да ја зголемат својата конкурентност. Во тоа експерите се единствени.