1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ја критикува Романија

Кено Ферсек/ Александра Трајковска31 јануари 2013

Правосудството во Романија и натаму е под притисок, се забележува во актуелниот извештај за напредок на ЕУ за оваа земја членка на Унијата. Борбата против корупцијата би морала консеквентно да продолжи.

https://p.dw.com/p/17VAi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Дан Војкулеску прерасна во симбол на корупцијата во Романија: во минатото за диктаторот Николај Чаушеску набавуваше девизи. Под псевдонимот „Феликс“ пишуваше и денунцирачки извештаи за колегите и роднините за тајната служба Секуритате. По крајот на диктатурата стана еден од најбогатите луѓе во Романија: покрај другото како владетел на медиумската империја „Интакт“ со највлијателната Антена телевизија. Освен ова 66 годишниот Војкулеску е претседател на Конзервативната партија, мала партија која досега не успеала да влезе во парламентот со сопствени сили, туку само заедно со други партии.

Поради дубиозното потекло на неговиот имот вреден милијарди досега честопати се водеше истрага против Војкулеску, но тој постојано успева да ги одложи рочишатата, со тоа што извесен период е пратеник, а потоа се откажува од мандатот, а тоа значи дека постојано други судови се надлежни за случаите. На тој начин сака да издејствува застарување на обвинувањата.

Проблемот со корупцијата е црвената нит која се провлекува низ извештајот за напредокот на Романија објавен во средата во Брисел за ситуацијата со правниот систем во Романија. Во споредба со изминатото лето, кога во Романија имаше државна криза, Комисијата на ЕУ сепак утврдува „одреден напредок во правниот систем“. Сепак и според овој извештај на Романија и претстои многу работа, не сите од утврдените 10 точки се реализирани. Летото 2012 претставниците на ЕУ ги критикуваа „постапките слични на пуч“. Владата под раководство на Виктор Понта се обиде да го симне од власт конзервативниот претседател Трајан Басеску, меѓутоа референдумот не успеа поради недоволно учество на него. Освен ова извештајот го критикува и неодамна усвоениот закон, со кој се зајакнува имунитетот на парламентарците и се отежнува нивно кривично гонење.

Rumänien Präsident Traian Basescu
Претседателот БасескуФотографија: dapd

Пред се’ извештајот изразува загриженост околу независноста на судството и другите правни институции. Политичари и медиуми постојано напаѓале институции како уставниот суд и сл. Извештајот не наведува имиња на медиуми, но многу е веројатно дека се мисли на Интакт концернот на Војкулеску. Пред се’ телевизијата Антена 3, која припаѓа кон Интакт веќе подогло време води кампања против судии и државни обвинители, кои стојат на патот на интересите на Војкулеску.

Критика на извештајот од Букурешт

Премиерот на Романија Виктор Понта го криткуваше извештајот: Тој се жали дека ЕУ не ја консултирала неговата влада пред објавувањето на извештајот и освен тоа во него имало непрецизности. Меѓутоа дури и некои набљудувачи, кои во основа немаат негативен став кон владата на Понта, ја негираат оваа критика - на пример романскиот политиколог Кристијан Парвулески. „Извештајот е умерено критичен и одмерен“, гласи неговата проценка.

Rumänien EU Victor Ponta vor Flaggen
Премиерот ПонтаФотографија: picture-alliance/dpa

Правникот и експерт за антикорупција Лаура Штефан како најважни точки во извештајот на Брисел ја извдојува кампањата против службениците во правниот систем и критиката на новите закони за имунитет на парламентарците. Севкпуно, спрема Штефан романското владејачко мнозинство до наредниот извештај на крајот на годината го чека многу работа, за да ја зацврсти правната држава.