ЕУ-Турција
26 јуни 2007Реклама
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ по притисок на Франција одобрија отворање на два, наместо планираните три поглавја од преговорите за членство со Турција. Франција, чиј претседател Николас Саркози, за разлика од претходникот Жак Ширак, отворено е против членство на Турција, смета дека отворањето на преговорите во делот на економската и монетарната политика би го прејудицирале крајниот епилог на преговорите. Германската канцеларка Ангела Меркел, за разлика од Саркози, се залага за привилегирано партнерство со Турција.