ЕУ – тероризам – авио сообраќај
5 септември 2007Реклама
За подобро спречување на терористички напади евро-комесарот за правда Франко Фратини ги повика земјите членки на ЕУ да собираат и разменуваат подетални податоци од патниците во авио сообраќајот. До сега тоа се однесуваше само на прекуокеанските летови, со што се штитеа САД. Според идејата на Фратини, истата практика треба да се прошири и на другите летови во ЕУ. Граѓаните на Европа заслужуваат еднакво добра заштита како и американските – порача Фратини пред пратениците на Европскиот парламент.