1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ се мачи околу единствен став за Косово

10 декември 2007

ЕУ сака очекуваното еднострано прогласување независност на Косово да го одложи до почетокот на февруари,по претседателските избори во Србија,зашто инаку се стравува од можни судири меѓу косовските Албанци и Србите.

https://p.dw.com/p/CZlZ
Штајнмаер:задачата не е леснаФотографија: AP

Министрите за надворешни работи на ЕУ по неуспехот на преговарачката Тројка, во Брисел дискутираат за испраќање стабилизирачка мисија во покраината.

На маргините на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ,луксембуршкиот претставник Жан Аселборн изјави дека Унијата прави огромни напори за со Косово да постигне координирано прогласување независност.Можно е тоа да биде на почетокот на феврауари.За условите на независноста раководството на косовските Албанци ќе започне преговори со меѓународните партнери уште денес,се вели во Приштина. Денес истекува рокот за дополнителните разговори меѓу Белград и Приштина,кои не дадоа резултат.

Со оглед на скорото еднострано прогласување независност на Косово,еврпските министри работат со полна пареа да најдат решение за признавањето на покраината.Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер укажува дека е потребно да се донесе менаџирано решение.Шефот на европската дипломатија Хавиер Слана во Брисел навести дека се оцртува заедничка позиција на сите 27 земји членки.Во Брисел се очекува дека Германија,Франција,Велика Британија и Италија како први земји заедно со САД ќе ја признаат државноста на Косово.

Како главен противник важи Кипар,кој стравува од нови напнатости со турскиот северен дел од островот.

Рускиот министер за надворешни работи со дводневната посета на поделениот средоземноморски остров врши дополнителен притисок врз владата во Никозија.

„Убедени сме дека едностраните чекори кои се во спортивност со Резолуцијата 1244 на ОН и не се базираат на меѓународното право,се ризични.Се надеваме дека Србите и косовските Албанци ќе добијат дополнително време за спогодбено да ја регулираат ситуацијата.“

Руската страна не стравува само од ширење на пожарот во поранешна Југославија.Можна е верижна реакција на пример во Шпанија,каде Баскија со години се бори за независност.Случај на преседан не епожелен и од аспект на кризните региони,Русија го вперува прстот притоа и во грузиските делови Абхазија и Јужна Осетија.Се работи исто така и за Дагестан,Чеченија и Ингушија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бара повторно да не се инсистира на вештачки рокови.Тој за главна пречка во преговорите го смета американскиот цврст став,кој не остава простор за алтернатива на независноста на Косово.Русија ја критикува и ЕУ,која,тврди, со независноста на Косово ќе добие нови проблеми.

►◄