1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сака да ја намали невработеноста кај младите

2 октомври 2010

Со нова кампања Европската комисија сака во наредните 10 години драстично да ја намали невработеноста на младите во Европа. Во моментов, 21 процент од младите под 25 години во земјите на Европската унија се невработени.

https://p.dw.com/p/PLU1
Идејата на ЕК е да се зголеми бројот на универзитетски апсолвентиФотографија: DW

Како последица на стопанската и финансиска криза, бројот на млади невработени во земјите на ЕУ се зголеми од еден милион на речиси пет милиони. „Од лошата состојба на пазарот на труд најмногу се погодени младите луѓе“, изјави неодамна еврокомесарот за социјала и труд Ласло Андор во Брисел. Но, целта на Европската комисија во нареднава декада е најпрвин да го намали број на млади лица кои предвремено го прекинуваат студирањето и тоа од сегашните 15 на 10 проценти. Затоа, Европската комисија организира акции под мотото „Младите во движење“, кои треба да ја поттикнат желбата кај младите да ги завршат студиите. Идејата е до 2020 година бројот на универзитетски апсолвенти да се зголеми од 31 на 40 проценти.

Важно e еден дел од студирањето студентите да го минат во странство

Deutsche Studenten in Bosnien-Herzegowina
Германски студенти во Босна и ХерцеговинаФотографија: DW

Не смееме да дозволиме во иднина само децата на богати родители да добиваат шанса за студирање во странство, смета еврокомесарката за образование Андрула Василиу. За таа цел, Европската комисија ќе ги поедностави правилата и доделувањето на стипендиите за студирање во странство. „Растот на ЕУ исто така зависи и од познавањата и способностите со кои располагаат младите луѓе“, изјави Василиу.

Со цел младите луѓе во Европа полесно да дојдат до слободно работно место, стартувана е интернет страница, која секојдневно го надгледува пазарот на труд. Освен тоа Комисијата ќе ги поттикне 27 земји-членки да воведат еден вид гаранција за вработување за младите луѓе. Поточно кажано, на сите студенти во рок од шест месеци по завршувањето на студиите или средното образование, треба да им се понуди работно место, стажирање или дообучување.

Нова интернет-страница за доделување стипендии

Како многу важен дел за време студирањето на младите луѓе е и студирањето во странство. На тој начин тие можат да ги прошират знаењата и да се здобијат со нови искуство. Од тоа профитираат како студентите, така и општеството, каде тие подоцна ќе можат да го искористат нивното знаење. Голем број студенти во Европа меѓутоа, ги прекинуваат напорите и се откажуваат од желбата за студирање во странство, бидејќи за такво нешто најчесто им недостасуваат финансиски средства. Во земјите на ЕУ се’ повеќе политичари, фондации, здруженија, па дури и некои одредени стопански бранши се залагаат и нудат стипендии за добрите студенти, но се` уште е многу тешко да се најде соодветна можност за студирање во странство. Со цел да им се помогне на студентите да ги остварат студиските желби, Европската комисија отвори нова интернет-страница која гласи www.ScholarsipPortal.eu

Желба на секој студент е да студира и во странство

Stipendien für Studenten an Hochschulen
Во ЕУ тешко се доаѓа до стипендии за студирање во странствоФотографија: picture-alliance/dpa

„Сколаршип портал“ е всушност централна европска база, каде ќе се собираат сите информации за стипендии во Европа. Во базата на податоци во моментов има 735 стипендии што се доделуваат секоја година во вредност од 15,6 милиони евра. Заинтересираните студенти можат во базата на податоци да побараат соодветна стипендија, во зависност од тоа каде сакаат да студираат, коja насока и.т.н. Како базата на податоци, така и критериумите за пребарување, се засноваат врз интернет- страницата Мастерпортал.еу, која секој месец им помага на преку еден милион студенти при барањето соодветна стипендија.

Интернет страницата „Сколаршип портал“ официјално започна со работа пред неколку дена, кога вооедно беше и претставена на Конференцијата на Европската асоцијација за меѓународно образование во Нат.

Автор: БОМ/ТТ/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска